Тоа беше војводата Петре Адев од село Ореовец, Прилепско, бивш учител и организатор, потомок на Ацета Симоновски убиен од турските зулумџии, и брат на Мирчета и Гога Ацеви.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Во главата на човекот остана само една мисла; неговото јако тело го растресе само едно каење: чајот не е вода, ни вино, чај никој сам не пие - чајот е нежност, загриженост, љубов...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Длабока воздишка го надви тропањето на лончето на решото и шумот на дождот во прозорците...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Уште ако ја дадеме неговата јако развиена телесна градба ќе ни биде јасно зошто толку голема беше неговата фигура во очите на тие што имаа работа со него.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)