Затоа Тоде и неговите не се ни обидоа да ја обноват старата господарска зграда, туку си подигнаа други две, помали и модерни, во ливадчето зад некогашниот свињарник, во она што служеше порано за излачување на добиточниот подмладок.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Можеби тие студено го примаат ударот, одмавнуваат со рака, се им е едно, но
ТОЈ не може да се помири, тој страда, зашто шахот не беше за него работа меѓу другите, преоден занес на младоста, ами позив на којшто свесно се управија сите негови не мали амбиции.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Грамос, другари, стана симбол на нашата борба. А значењето негово не е само во тоа дали ќе се добие битката на бојното поле или не.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
ЈОРДАН: Добро те најдов, сваќе!
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
Јордан! И од името негово не можам радост да видам...
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
Плачеше отец Стефан со оние кои плачат, но душата негова не се радуваше со радосните.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Ништо негово не остана на земјата, вели.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Без куќа, без маж и без дете, што се вели, и презимето негово не ти прилега.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Риса негова не можеше да сфати што се случува, ама беше среќка дека нејзиниот Дине ја одбра неа и дечињата да ги враќа во Македонија, а не Трондафила Преспанката.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Изгледа и човечево има таква мака, само што неговата не е црна, туку жолта.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)