Уште од својата венчавка шест години пред тоа, таа не беше дошла во Виена, а за тоа време Зигмунд и Марта ја имаа посетено во Хамбург само двапати.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Пред десетина години, кога се уште непознатото во театарот го анулирав со конкретни примери позајмени од теоријата и сценскиот практикум по софиските едукативни центри и театри, во едно неделно поладне гарнирано со млеко во тетрапак и балканска меланхолија, тогашниот мој „сокафезник“ цимер, Митко, сега веќе граѓанин на Лондон, ме праша: - Ја познаваш ли Роза Радичкова? - Која е таа?
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Беше неделно попладне кога Зигмунд ни кажа дека Софи му јавила дека е бремена со трето дете.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Дури и да не беше градоначалник, тој не ќе престанеше со навиката, со џепниот часовник да ја контролира точноста на градскиот саат, а со подгледнување во хронометарот на врвот од саат-кулата изградена во венецијански стил, да го уточнува својот сопствен часовник.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Потоа пак ги чекаа нестрпливо неделните попладниња, за да заскитаат низ полето или да одат на стадионот и да се изразвикаат, од каде се враќаа во вечерите со по една изморена топлина во градите, за сето време продолжувајќи го оној свој ниеднаш непрекинат разговор за светот.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Лука Карер застана на градскиот плоштад, веќе по третпат ова мирно неделно попладне барајќи го часовникот на сребреното синџирче што, инаку, го вадеше изведувајќи една прилично сложена операција: најнапред закачувајќи ја рачката од големиот црн чадор на левата рака, потем отворајќи го тешкиот зимски капут, па сакото, за конечно да го извлече ќостекот од малото џепче на елекот со излижани рабови.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)