неделен (прид.) - ручек (имн.)

Поточно, мигот кога Рада ќе го касне првиот залак; намерата ѝ беше да ѝ преседне неделниот ручек.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Еден ден ме покани и дома. На неделен ручек.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Неделен ден и неделен ручек. Ручоците во неделите се обврска на Пелагија.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Сѐ додека дома, еднаш сред бел ден, кога се подена тоа прашање, татко му, предвоен доктор, не си ги избриша мустаќите од неделниот ручек и авторитетно заклучи, како само од себе да се подразбира, но и без приговор: - Се разбира, медицина.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Град, 1996год. 100 okno.mk Павел Попов Кучешко попладне К* седна на прозорецот по неделниот ручек со своето семејство.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Брат ми, и покрај обврските, и натаму секое неделно утро доаѓаше да ја посети нашата мајка, а за неделен ручек одевме кај него.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Јас секое утро се симнував по скалите до излезот од зградата, одев до крајот на улицата, и се враќав дома.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ги прекинав со една банална констатација: „Значи навистина е толку убаво како што сите кажуваат.“ „Навистина,“ рече Мина.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
На неделниот ручек кај нив долго раскажуваа за своето патување.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)