„Јас сум задоена со таа работа,” ѝ велеше тогаш Илона на својата пријателка, по навика пеглајќи си ги рабовите на сукњата над коленото со десната дланка.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Кога Ема ѝ велеше “Ти можеш својот пат да си го продолжиш овде, ги запозна нашите луѓе, тие те сакаат, гледам дека и ти прифати некои од нив, и сега на тебе е да решиш; да, јас ќе те разберам доколку сакаш да се вратиш дома, но враќањето дома велиш дека е ризично, затоа остани овде, се друго е непотребна и неизвесна авантура,” Илона ги сфаќаше добрите намери на полицајката, но го спомнуваше Јиржи, својот пријател Јирачек, кој сигурно ја чека во Равена (тајниот јазол на чешката врска, како што често велеше Илона), така се договориле последната ноќ помината заедно во мотелот “Мерси” на излезот од Хасково.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)