Тужбата може да се повлече и подоцна, сè до заклучувањето на главната расправа, но само ако тужениот се сог- ласи со тоа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Согласно ова, во побарувања од повисок исплатен ред спаѓаат нето плати, придонеси од плата за пензиско и инвалидско осигурување и надоместоци за периодот од последните три месеца пред отворањето на стечајната постапка; обештетување за повредите при работа кои што работникот ги претрпел кај должникот, како и за професионални заболувања и неисплатени надоместоци на платите за времетраењето на неискористениот редовен годишен одмор за тековната календарска година (чл. 117).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Најновиот пречистен текст на Тарифата за награда и надомест на трошоците за работа на адвокатите, објавен во Сл. весник на РМ 20/2005, ги опфаќа: Тарифата за награди и надомест на трошоците за работа на адвокатите (Сл. весник на РМ, 23/93); Одлука (Сл. весник на РМ, 4/94); Одлука за измена на Адвокатска тарифа (Сл. весник на РМ, 80/02) и Одлука за измени и дополнувања на тарифата за награда и надомест за работа на адвокатите (Сл. весник на РМ, 14/05). 9. Според ЗПП тужителот може да ја повлече тужбата – без сог ласност од тужениот, пред да се впушти тужениот во расправање за главната работа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Тужителот кој ќе ја повлече тужбата е должен на спротивната странка да и ги надомести парничните трошоци – освен ако до повлекување на тужбата дошло веднаш по исполнување на барањето од страна на тужениот (чл. 152, ст.1 од ЗПП). 288 Мушаланов против Агенција за обезбедување Спор за неисплатен надоместок за извршена работа1 Ut labor suus cuique prosit, aequum ac ius iubet.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)