Додека модернизмот бегаше од „комуникативните клишеа“ (Куспит), изјавата на Хирст својот праузор како да го пронаоѓа токму во исказите од традицијата на поп-културата, а конкретно во дефиницијата за поп-културна комуникација изречена во една песна од Beatles: "Half of what I say is meaningless, but I say it just to reach you..." (Julia).
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Исто така и „светогледот“ на уметникот на деведесеттите може да се сосредоточи токму во една изјава на Хирст: „Понекогаш чувствувам дека немам што да кажам - и често сакам да комуницирам со ова“.8 Ваквиот „став“ стои на другата хемисфера во однос на она модернистичко „кредо“ што би можело да се формулира во: „имам многу нешта да кажам, но не сакам да комуницирам“.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)