И каменот го чека слична судбина стига да го зафатат немирните води.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Молскавичен отсјај, на златни искршени прачки пред залезот... се бркаат со разиграните бранови од немирните води... слични сме: во моите зеници искрат светулки, во пазувите на езерото пламени јазици нежен допир со сласт даруваат.
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Во овие немирни води се криеја безброј невидливи јагули, покрај пастрмката позната како летницата (има неколку видови летници кои само рибарите ги познаваат, како белауста, мајојца, адуница и други), кресница (вид пастрмка), крапотник (најголема езерска пастрмка) белвицата, крапот, плашицата (езерска „сардела”), скобалот, кленот, мрената и мноштво други ситни риби како грунецот, моранецот и шлунецот риби.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)