Моиве очи се клуч, а очите клучалница на вратата која ќе ја ослободи мојава заробена душа растргната помеѓу две сили.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Парадоксално митот за Југославија живееше повеќе во неврзаните земји како Египет, Индонезија, Индија, Алжир, Зимбабве, Гана или Тунис, отколку во самата Југославија, која веќе беше во урнатини, одрекувана, дијаболизирана, проколнувана.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Сите ние - и ние терористиве и сета онаа мизерија од политичари, патриотари и џамбази и обичните луѓе, како тебе - сите ние сме немоќни пред она што се вика: судбина на Македонија.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
За Правдољубивиот, опседнат со братоубиствената војна, сиромаштијата на државната благајна и постојаната закана на гордите азиски освојувачи, патрицијот припаѓаше на групата сестрани интелектуалци, но крајно немоќни пред непредвидливото тркало на историјата, кое во деновите на агонијата на Царството, сотираше со вртоглава брзина.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Немоќна пред агонијата на сопственото лудило очајнички се обидувам да се соочам со сопственото “Јас”, да го откријам стравот на сопствената душа, страв од солзите во очиве, од последната надеж дека во моето срце ќе пронајдам светлина и ќе се покаам.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Синовите и дијаболично се пресметуваа со својот татко со кого живееја речиси еден мал човечки живот, немоќни пред разулавената југословенска армија, која со изгубената политичка команда го започнуваше по некоја година смртоносниот братоубиствен марш...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Само што тие звуци ќе бидат неподносливи тишини, тие зборови ќе бедат крвави дождови, а тие погледи сиви сенки, рушевини, висечки градини во кои верував дека ќе го живеам сонот, а сега гнијам, умирам, немоќна пред стравот да признаам дека тој сон беше страст, импулс, желба, глад за моќ, но не и судбина.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Можело, на пример, поради каква да е причина да не дојдат тие двете на изложба, или да дојдат дури откога ќе биде затворена, или да намине само девојчето, во кој случај изненадата полесно ќе се изживееше, зашто немаше да се гледаат меѓу себе ужалани и немошни пред уште една навреда.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)