Матилда беше среќна со таквата одлука – во раната младост имаше операција по која не можеше да има деца, тоа беше несреќата на нејзиниот живот, и сега се радуваше што може да се грижи како мајка за малечкиот, заменувајќи ја својата почината сестра.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Дедо му Зигмунд, правдајќи се со неодамнешната операција, со многуте пациенти и со пишувањето на своите дела, ѝ го препушти Хајнерле на ќерка си Матилда, таа да го чува во нејзиниот дом.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)