неопходен (прид.) - заклучок (имн.)

Останаа стотиците страници во библиотеките на Татко и Камилски за заедничката балканска историја на народите низ зборовите, на кои ретко кој им го посветуваше нужното внимание, но и неопходните заклучоци за нивното долговечно постоење.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Настапија неверојатни промени на Балканот и во Европа, во кои и во најбизарните соништа не би можеле да поверуваат Татко и Камилски додека беа живи: се урна Берлинскиот ѕид, најголемата европска граница по Втората светска војна, се распадна СССР и се растури Варшавскиот пакт, подоцна низ невидени братоубиствени војни се распадна и СФР Југославија, се создадоа нови независни држави, проследени со невидени етнички чистења, прогонства, логори.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)