На плоштадот се случува промена: чистачите на улици ги растеруваат полицајците тепајќи ги со метли; просјаците им се нафрлаат на чистачите во одбрана на полицајците; * Запис пронајден во џеб од блуза со незабележлив натпис уличните продавачи го користат неочекуваниот дожд од метални парички и по многу висока цена им продаваат чадори на оние што сакаат да си ги заштитат главите.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Поминуваа низ неговите зборови као низ неочекуван дожд; мислам на оној летен, шумен и крупен, од кој ќе ја поднаведнеме главата и не дишејќи притрчуваме до првата стреа.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)