И Мустафа С. не беше рамнодушен кон покерот и покрај непишаната морална забрана на оваа игра со карти од страна на комунистичкиот режим чиј припадник беше самиот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Кога згасна и нејзиниот живот, во шепотот на тишината на Татковите книги, според непишаниот морален тестамент, мене ми преостануваше да го зачувам и да го дотолкувам распоредот на овие книги, да ги продолжам имагинарните битки кои секогаш започнуваа и завршуваа во оваа библиотека.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Неограничени можности за слободно себеизразување за да се проба и забранетото овошје, слободно чекорење по негазени патеки, можност без срам да се разголат сите догми и ѕирне зад табуата на непишаните морални норми.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)