Се јадела истата, неподнослива храна.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Веројатно постојаните провокации, исцрпувањето со жедта и неподносливата храна, Х.Х. требаше да ги координира во дослух со Централата и другите протагонисти.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Таму каде што дијалектиката не успева (А.А. губи во вербалниот двобој), останува ризикот да победи физичкото насилство, сказот од зборови продолжува во акции кога авторот укажува и ги осудува мерките на заплашување: со изолирање од телефонската врска, со организираната врева за да се спречи неговиот сон, со служење на неподнослива храна и последната нискост: приморуваат една негова блиска роднина да им се придружи во стапицата што му ја поставуваат на исцрпениот наратор пред да ја мине границата кон Македонија.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Жената, крај изнемоштените гладни деца, побарала од имамот, бесна од неговата непопустливост, да подготви јадење од храната во подрумот. Тој не попуштал.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)