Податочната ракавица (data glove), која што овозможува влез и во уметничко кодираните виртуелни светови (во смисла уметност на виртуелните машини), е главен интерфејс во технологијата на виртуелната вистинитост, таа нагласено го аплицира допирот дури и при trip-от по паралелните светови.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Како во сон друг што му го кажувал, на доктор Миха му поминаа наредните денови и ноќи, споени во некоја колку сивина толку темнина, во која сè се препознава по научен навик а не со непосреден допир - од моментот кога го препозна синот во мртовечката картотека на Судската медицина, преку поворката низ гробиштата во која место тој да ја придржува жена си таа го придржуваше него заедно со ќерката, до тупотот на првата грутка земја што удри по сандакот на син му во гробот и оттогаш не престана да му одѕива во испразнетите гради, како грмеж од небото кој пред да одмине со облаците спалил една кревка тревка што ќе запусти цела душа.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Не верувам во автентичноста на Маргина 35 45 непосредното искуство, не верувам во непосредниот допир со стварноста.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Но, со оваа апликација никако не смееме да си правиме привиди за природата на допирот, што е инвестиран од страна на таа софистицирана технологија, како тоа да бил добриот стар, значи лош, вулгарен, непосреден допир што граба во „исполнетото” и е наменет за допирање на „материјално згуснатото”.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Кога детето се оттуѓува од мајчината града, тогаш престанува непосредниот допир со топлината на боската и млекото, се оддалечува телото мајчино.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Од тие причини неговиот извештај претставувал "салто-мортале" и давал сосема поинаква слика за населението што живеело во областа Лерин, а особено се разликувал од дотогашните извештаи кои биле доставувани до Форин офис од лицата што биле во придружба на официјални грчки лица и "супервизори" на она што се разговарало и какви информации ќе се добиеле од месните жители.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Несомнено дека неговиот „шок“ бил голем кога дошол во непосреден допир со Македонците што живееле на територијата на која требало да ја извршува доверената задача.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)