И во таквите мигови, кога ослободена од железните рамки на предрасудите ќе се почувствував поинаква, а сепак длабоко во себе своја, со најсвое јас, се спознавав: бев Ема единствена и неделива, туѓа и одвратна за оние што не можеа да ме разберат.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Бев распната меѓу две крајности, иако тие не беа тоа, и јас не ги чувствував како такви, и во миговите кога цврсто стоев на тлото, кога бев целосно свесна за себе, кога јас бев јас, но и кога ќе се обидев да се ослободам од сето тоа и од барем дел од себе како таква, кога ќе се обидев да го отфрлам сето тоа како здодевна и непотребна приказна.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)