А непрекинатите соништа за неговото влегување во селото, за средбата со првиот човек, и за неговото пристигнување дома, во кои тонеше сиот овој како вечноста издолжен ден, покриваа сѐ и остануваа единственото, што можеше да го знае.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Осеќам дека душата ми бара некој непрекинат сон.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Пелагија не може да дојде до одговори на прашањата што сама си ги поставува, сиот нејзин живот како да е само еден непрекинат сон од кој не може да се излезе.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)