непресушен (прид.) - извор (имн.)

Театарџиите, иако се непресушен извор на лагата, не би требало да се успиваат, па да не насетат дека најмногу се изложени на опасноста да бидат исфрлени таму каде ниту кучињата не би сакале да ја боднат муцката.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Да живее сталинизмот, непресушен извор на комунизмот!
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Тој беше насекаде во исто време: туркаше, влечеше, стругаше, ковеше, импровизираше, бодрејќи ги патем со другарски шеги сите и испуштајќи од секое делче на своето тело изобилство од кисела пот како од непресушен извор.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Кога првиот пат отидовме заедно тројцата се восхитувавме на разновидните видови риба, а ти беше непресушниот извор на знаења, ни објаснуваше која риба како се вика, какви карактеристики има, во кои води може да се најде.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)