Токму затоа што Џоан Крафорд не зазема страшно многу простор во нашата култура, како и да ја дефинираме, токму затоа, велам, можеме да се обидеме да ја истражуваме привлечноста што ја побудува кај гејовите без да се чувствуваме лично засегнати од исходот – или, барем, без да се чувствуваме баш толку лично засегнати колку што би се чувствувале кога би избрале предмет во кој сме сега внесени (како Лејди Гага).
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Одредени одговори на тоа прашање веќе дале студијата на Ричард Дајер за геј-мажите и Џуди Гарланд, студијата на Нил Бартлет за геј-мажите и Оскар Вајлд, па дури и студијата на Д. А. Милер за геј-мажите и бродвејскиот мјузикл, при што сите тие даваат мошне различни визии за машката геј-култура и за машкиот геј-субјективитет – иако визии што не се неспојливи со сликата што ја иcцртав тука.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
А дури и да немаме инстинктивно сознание за тоа што им значела Џоан Крафорд на геј-мажите од претходните ери, барем ја имаме привилегијата да можеме да се извадиме од гравитациското поле на нејзината силна привлечност и да размислиме за природата на таа нејзина привлечност на релативно незасегнат и непристрастен начин – спокојно, љубопитно и од редица можни стојалишта – што значи дека ни е полесно да коваме критички метајазик на кој ќе зборуваме за тоа.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Така идентитетите не ни се непосредно на удар.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)