Го гледаа кај што си го врти лицето кон сонцето и се пече и му подвикнуваа: „Полине, државата пропадна, дојдоа непријателски војски...“ „Е па што?“ мрмореше Полин.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Значи од гледна точка на аналогијата, непријателската војска, мораме тоа отворено да го истакнеме и признаеме, има огромна воена надмоќ над нашата, се разбира, без да го сметаме тука военото воздухопловство, артилеријата и тенковите, кои, како што реков и пред малку, воопшто ги немаме и поради нив трпиме најголеми загуби...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)