Наменети за уништување жива непријателска сила од близина, во ровови, засолништа и заседи. (Ја отвора другата страна.) Бојни отрови: нервно-паралитички, пликавци, задушливци, крвни, психо-хемиски, сарин соман, табун, иперит, луизит, фозген, дифозген, цијано-водородна киселина и хлор-цијан.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Потпис: Генерал Маркос. „Противудар е активно дејство на оперативните единици од одбраната, а се изведува со цел да се уништат проредените непријателски сили за враќање на загубените позиции.“
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Во четата Раде беше назначен за заповедник на извидувачка група, која ќе требаше да се инфилтрира во позадината на непријателот и да го снабдува Штабот на 23от пешачки полк со податоци во врска со движењата на непријателските сили, нивниот состав, големината и многу други нешта битни за успешните воени дејствија.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)