Значи, при современата поставка на македонското прашање, ние очекувавме за наш атер Русија со свои непромислени постапки да се откаже од нејзините интереси на Далечниот Исток и заедно со тоа да претрпи пораз на Блискиот Исток.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Славејот тажеше над својата несреќа и се каеше за својата непромислена постапка.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Ова беше вторпат во последните три недели како го пропушта собирањето во Општинскиот центар: непромислена постапка, секако, затоа што беше повеќе од сигурно дека отсуството на секој член внимателно се евидентира.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Како и да е, но одделувањето наше од Бугарите ќе ни даде можност критички да се однесуваме кон бугарските работи, а не слепо да ги копираме и да насадуваме во Македонија, наместо национализам, социјализам, како што го правела тоа Внатрешната македонска револуционерна организација. 89 Значи, одделувањето на нашите интереси од бугарските, покрај другото, ќе нѐ избави од положбата како мајмуни да ги копираме бугарските непромислени постапки и на вера да ги примаме бугарските уверувања дека Бугарија е нашата арнотворка, а Русија нашиот најголем непријател; тоа ќе развие во нас критички однос кон нашите и кон туѓите постапки.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)