VI Уште една непреспиена ноќ. Уште една потрага по излез од крстопатите на цариградскиот лавиринт, од времето на Татковата бујна младост.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Петок Јуни Животот е забава која не смее да се пропушти, а забавите, вистинските забави, траат до доцна, до доцна во ноќта, дури до утрото, а утрото се буди уморно од долгата непроспиена ноќ.
„Записки“
од Милчо Мисоски
(2013)
Можеби првпат по многу непроспиени ноќи, вечерва таа ќе си заспие со блажен сон? Не бери гајле...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Непроспиената ноќ уште повеќе ѝ го разобличи лицето. Подочниците беа клапнале на образите.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Во дозорните непроспиени ноќи, ги чувствувам твоите врели солзи како ме печат.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Конечно, по стотици непроспиени ноќи, го пронајде својот свет грал. Надежта беше дарувана со реалност.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Сувото лице, ижлебано од долги и непроспиени ноќи и од крчми, ги изморуваше очите на Отец Симеон затоа не гледаше во него кога некако изцеди: „Остави не да седиме кај што седиме и оди кај својата јагула.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Го гледав како заспива и посакував да легнам покрај него, а останував да седам во аголот на собата, со книга во скутот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
„Не можам да заспијам кога сум сам,“ ми рече кога за првпат го најдов по непроспиена ноќ.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Беше конечно убеден дека е таму, кога по непреспиената ноќ и грижливото трагање по книгите, му светна во умот една мисла на Чанга од нивните последни разговори среде овие книги. ***
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)