Само така ќе ги избегнеш непотребните несреќи со несакани последици.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Знаеше, беше сигурен, дека секое избрзување може да има несакани последици.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Дедо Геро и стрико Најдо истрчаа надвор да видат до каде се чул пукотот, да им кажат на луѓето што е работата и да спречат да не дојде до некоја несакана последица.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Огромните дотации за земјоделскиот сектор предизвикаа многу несакани последици: хиперпродукција, расипништво, еколошки штети.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Иако соочувањето со несакани последици додека се обидуваме да ги подобриме нештата не е некој нов феномен, Тенер забележува дека технологијата толку многу го зголемиле ефектот што ние сега мораме многу повнимателно од кога и да било порано да ги проценуваме потенцијалните последици на нашите постапки.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Многу млади почетници праат кардинални грешки при конзумирање на алкохолот и затоа чуствуем за потреба да го разјаснам процесот на пиење за да не дојде до несакани последици.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)