Го сакаше зашто ним им ја оставаше радоста, додека грижите и осаменоста ги носеше со себе во кројачкиот дуќан, ја разбираше секогаш, а ја прекоруваше само со поглед, го сакаше зашто сакаше за сѐ да разговара со неа, го сакаше зашто го гледаше колку му недостасува мајка ѝ, а при тоа го гледаше како ги задушува емоциите кои излегуваа само во вид на повремени, несвесни воздишки.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
IV Со длабока, несвесна воздишка, која дури ни близината на телекранот не можеше да ја спречи на почетокот на неговиот работен ден, Винстон го приближи говоропишувачот, го дувна правот од микрофонот и ги стави очилата.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)