Системот на „разбирање- зборување“ преку фоничната супстанца - која се подава како не-надворешен, не- световен, значи, неемпириски или не-контингентен означител - мораше, во текот на цела една епоха, да доминира со историјата на светот, дури и ја произведе идејата за светот, идејата за потеклото на светот, поаѓајќи од разликата помеѓу светското и не-светското, надвор и внатре, идеалитетот и не-идеалитетот, универзалното и не- универзалното, трансценденталното и емпириското, итн.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Токму затоа поимот на техниката никогаш нема едноставно да го расветли поимот на писмото.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
6 Со нееднаков и, во суштина, несигурен успех, ова движење се стремеше, како кон свој telos, кон затворање на писмото во една второстепена и инструментална функција: функција на преведување на еден полн и наполно присутен збор (присутен за себе, за своето означено, за другите, самиот услов за темата на присутноста воопшто), техника во служба на говорот, портпарол, толкувач на еден изворен збор кој самиот е изземен од толкувањето.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)