нејасен (прид.) - радост (имн.)

Кога едно утро, не беа изминале ни две години од раѓањето на синот на Иван Степанович, малиот Алексеј, во оваа иста соба втрчува задишана Рајна и речиси паѓа на креветов.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Растргнат од многубројните неуспешни обиди да направи слика, сликарот сега првпат осети нејасна радост од средбата со онаа непозната мома, која секое утро поминуваше со својот сад, му пожелуваше добро утро како на стар познајник и си одеше пак нагоре тихо, незабележано...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
И нека е само поради таа нејасна радост на која не можеме да ѝ ги видиме очите, Иван Степанович ја заслужува нашата длабока почит и благодарност“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Во зачаденото жржорење меѓу наши познати брадосани парталковци, некои од нив со нож во појасот, луѓе на кои кафеаната има станала вистинска татковина за која се врзани сите нивни романтичарски прчења, очајувања или нејасни радости, Ибраим Ибраим ме обогатуваше со нешто одамнешно што секогаш, и додека се слуша и подоцна, излгледаше дека е измислено, исградено како мисловна архитектура со врелина и недостижна фантазија никната од почвата и дарбата на старите раскажувачи.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)