Како и да било, другите останале да се раскажува и потаму за нив. * Значи, ако не се грешело во сметките, по напуштањето на сиротинските расфрлани лесновски куќи зад господовиот грб, со бледи каменоресци, со многу трудни жени и со еден поинаков поп отколку што бил историчарот Доситеј Давидовски, дружината останала без повеќе од десет луѓе и со триесет камења за петнаесет воденици, и останала без сили да ги совладува нагорнините, дури и голите рамнини на кои и најмалиот камен израснувал пред очи во застрашувачка карпа од исконски дни.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Сонуваше нејасен сон во кој ја виде Марија во раскината венчаница испрскана со крв и се разбуди со страшна увереност дека повторно го напуштила, оставајќи го сам во тој голем свет, овојпат засекогаш.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Ги остави сите свои работи, дури и прстенот од претходниот брак, со писмо во кое напиша дека не е способна да ја преживее бурата на таа луда љубов.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Луѓето капнувале, најслабите паѓале крај двоколките во движење и заспивале, се криеле од болештината зад магли на нејасни соништа.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)