По некое време, во 1970 година ја одвоиле од Рајчани, отишла во село Бунеш, кај нејзиниот внук Стојан да ја чува.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Знаеше дека токму во тој автобус се наоѓа нејзината внука.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Со овој одговор, иако беше застарен, Јана го скрати разговорот врзан за нејзината внука, мудро избегнувајќи ги деталите.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Нејзиното искуство ѝ кажуваше дека родителската врска исконски останува нераскинлива. ѝ беше сосема јасно дека еден ден нејзината внука, без разлика на далечината и времето, ќе посака повторно да го почувствува тој мирис и да се огледа во неговите очи.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Затоа тој реши да ѝ напише писмо на нејзината внука, длабоко убеден дека напишаното првин ќе го прочита тетка Асја, и дека заради нејзината добрина и почитта што таа ја имаше кон него, работите ќе се променат.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Додека сум жива уште еднаш сакам да ве видам сите заедно, велеше таа.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Се собравме во нејзиниот стан во Ѓорче Петров сите нејзини внуци, татако ни.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Одејќи така стигнаа и до последниот вагон од кој Чана и Добра ја симнуваа бабата Петра, а горе, во дупката од вратата стоеја нејзините внучиња.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Бабата Перса се радуваше со неа како со вистинска, нејзина внука, додека пак на Пелагија радоста постојано беше заматена од некаква невидлива и далечна закана.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Не би можела да беше жива да замисли ниту мојата баба Хазбије, која сега почиваше во корчанските гробишта, имајќи среќа во смртта, нејзините посмртни останки да не ги преораат како оние на нејзиниот сопруг во повоениот Подградец, неговиот син Сами, не можела да замисли дека најпосле нејзиниот внук ја отворил нејзината голема затворена врата на животот (а kapi), станал амбасадор. Вратата која баба сакаше да ја отвори, вратата на границата.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Го повторуваа и нејзините внуци без воопшто да го знаат значењето на овој збор, кој како да го заземаше местото на Бога во семејната молитва И кога Фетхи Окјар замина во Франција како амбасадор на нова Турција, баба веруваше дека постариот син, ако не успеа во Цариград, ќе успее да го оствари сонот на враќањето преку Париз.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Откако завршија сите семејни приказни за повеќето од нејзините внуци и братучеди, Ѓорѓија и Французинката ги ставија колачите во рерна и со шолји за чај, бидејќи таа не пиеше кафе, седнаа на каучот да се одморат.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Ги слушав веселите гласови, посакав и јас да кажам нешто, но продолжив да молчам, стоејќи покрај вратата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Околу мајка ми си играа нејзините внуци.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Кога го затворија нејзиниот внук од постарата сестра, Сашко, три дена гладуваше пред затворската порта.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Лично отидов да ја вразумам, да се прибере дома.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Тажеше бидејќи на мене, и на нејзините внуци што ќе втасале по мене, им е одземена можноста да ги видат тие слики.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Беше тоа мала победа над нејзината голема самота која, потем, ја славевме, со нејзините внуци, во другиот дом, до новото Мајкино заминување.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)