И никој ништо не може да смени, без нејзина волја, од нејзиниот праг, до нејзината ќерамида.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Тоа ѝ помагаше да се одмора од ноќните оптоварувања, што ѝ доаѓаа наспроти нејзината волја.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Се обидував да го задржам нејзиното внимание, да ја проверувам, понекогаш и несвесно, нејзината волја, нејзиното расположение да ја продолжи преписката како во првата година.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Требаше да се бара друга среќа, кај друг издавач.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
- Со овој луд збор почнуваше и завршуваше нејзиниот ден, јакнеше и зацврстуваше нејзината волја.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Разделба од мажот, од детето и од своето минато со помош на настаните кои по некоја виша сила, но и по нејзина волја, биле испланирани.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Има такви персони, своите злости сакаат да ги оправдаат со замешаноста на прстот на неминовноста.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Ѝ се посакало да биде курва, па нека биде: нејзина волја - нејзина судбина.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
И наеднаш почна да снеможува: сè да ѝ натежнува и да ѝ откажува, да не е под нејзина волја.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Стоејќи така, зашеметена на патот, сега уште посилно почувствува колку е неподнослив животот додека се ослободуваш од него.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)