Но растот нејзин беше побрз од мојот и поголем куќата што ми ја подјадува со своите долги длабоки корења што се шират во сонот што ми роваат та пукаа во ноќите без сон и ѕидови и порти се пореваа темелите и покривот ни татни од нејзините корни од нејзините гранки.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Полскиот врабец се познаваше со неа па затоа се зарадува и сакаше да полета, да застане на нејзините гранчиња и да се заниша, но при тоа силно се удри од стаклото и почна да офка.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Се спушти славејот кон јасиката, која беше негова долгогодишна пријателка, да се одмори малку на нејзините гранки.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)