Најмногу се надеваше во мајка си, која можеби повеќе страда од другите, можеби нејзините грижи се потешки од грижите на татка си и деда си, но таа најмногу верува во него.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Последново можеби се однесуваше и на мене, и нејзината грижа од високото ритче повторно ме повикуваше да зачекорам кон белилото на врвот, заедно со останатите.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Во часовите на работ од бессознанието, кога високата температура правеше само одвреме навреме да се освестувам, во таа полусвесност можев да ја видам мама, нејзиниот поглед во кој беше стрепетот за мојот живот, нејзините раце кои ми редеа ладни крпи на челото, кои ги соблекуваа од мене испотените алиштенца и ми облекуваа нови.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Таа нејзина грижа во тој момент ми пречеше.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
На почетокот од мојот живот беше љубовта, беше погледот на мојата мајка, беше нејзината рака на моето чело, беше нејзината грижа за моето здравје.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Нејзината љубов, нејзината грижа кон секое од нејзината чеда, се одложуваше, односно се одолговлекуваше, во зависност од нејзината природна процена, колку му беше потребна на секое од своите чеда.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Место да ја сподели нејзината грижа, тој се обиде да ја утеши со лагата или фалбата дека и самиот бил таков на негови години.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
С. патем ѝ порача дека треба да внимава бидејќи овој пат ги остава на нејзина грижа двајцата пијатели.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)