130 Кон средината на септември 1943 година, во Врховниот штаб на НОВ и ПО на Југославија пристигна англо-американска воена мисија со членот на Британскиот парламент, генералот Фицрој Маклин. 132 Статијата беше објавена во одделни брошури на англиски и на српски јазик во сојузничкиот печат.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
121 Писма со иста содржинаТито упати и до управите на Бразилската национална банка во Рио де Жанеиро, на Турската национална банка во Анкара, на Државната благајна во Вашингтон. 122 Претседателот на НКОЈ Јосип Броз Тито на 18 март 1944 година ја извести Управата на државната благајна на Велика Британија дека го овластува Рудолф Бичаниќ, вицегувернер на Народната банка на Кралството Југослаивја, „да ги застапува интересите на југословенската Народна банка и да го оневозможи вадењето на нејзините депозити ... од чија и да е страна без согласност на НКОЈ.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Исто така, во првата половина на март 1944 година, американскиот печат го пренел на своите страници писмото на Националниот комитет на ослободувањето на Југославија, упатено до министерот за финансии Хенри Моргентау, во кое се барало да не се дозволува вадење на нејзините депозити што се наоѓале во Државната благајна на САД во каков било износ и од чија и да е страна, без согласност на Националниот комитет на ослободувањето на Југославија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Како овластен застапник на интересите на НКОЈ бил назначен Рудолф Бичаниќ.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)