Опкружена од по некој внуци и правноци, затоа што голем дел од нејзините деца биле ќерки кои се омажиле во други места, а нејзините синови починале релативно млади.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
За неа животот на семејството беше нејзината единствена голема отворена книга, а деновите, страници на семејството, на нејзините деца.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
И долго кружеше птицата, наслушуваше нешто, се занишуваше во воздухот како што некогаш се нишаа и гранките сосе гнездото а потоа ќе откликнеше и ќе полеташе во насока во која некогаш полетуваа и нејзините пилци.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Какво ли тоа завештание запишал животот во нејзината крв па сега птицата се сеќава на песната на нејзините деца и колве заумни трошки од светата трпеза на стеблото кое веќе го нема...
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Тој ја породи со сите нејзини деца и ѝ беше сосед во стариот имигрантски кварт во градот, каде што тој имаше канцеларија на погорниот кат од двокатната зграда, чија конструкција се распаѓаше.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
„Природа, она добра, Рози, како добра мајка која знај што најдобро за нејзини деца.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Нека се најаде нејзиното дете, зашто по цел ден трча и навистина огладнува.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
А потоа ме седна на софра и вечерав заедно со нејзините деца.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Таа висока, добродушна домакинка и мајка, таа мила жена, која не ме оддели од софрата и ме чуваше како нејзино дете, не успеав да ја најдам, да клекнам пред неа, и бакнувајќи ѝ рака, да ѝ речам: NANE, FALEMINDERIT!...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Имињата на нејзините деца што ги прочитала во весникот и кои останале сираци длабоко ѝ се врежале во срцето.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Кога сестра ми Роза за првпат дојде да ме посети, седевме на мојот кревет.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Сепак, нејзините деца секогаш беа со неа. .
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Кога излегувавме во паркот, таа ги учеше своите деца да играат некои детски игри, и самата таа играше со нив, играше со невидливото околу себе, со невидливото си подаваше топка, фрлаше камченца кон некаков круг, прескокнуваше и скокаше заедно со невидливото.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
„Сега живеам само за нив,“ рече неколкупати во текот на разговорот, секојпат кога погледот ќе ѝ паднеше на фотографијата. .
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
„Каде е моето детенце?,“ вреска жената, а некој од веселата толпа која ужива во оваа претстава си ја соблекува кошулата, набрзина ја свиткува, и ѝ ја фрла.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Таа во рацете држеше фотографија на која беа нејзините деца – Херман и Цецилија.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
За време на оброците во трпезаријата бараше од нас да не седнуваме на местата околу неа, затоа што таму треба да седат нејзините деца, и таа ги хранеше: заграбуваше од невидливата храна со невидливи лажици и потоа ја ставаше во невидливите усти, а ги караше оние кои одбиваа да јадат.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Некои во толпата си кажуваат едни на други дека нејзиното дете умрело при раѓањето, а други велат дека никогаш не родила, а на сите им раскажувала дека е трудна.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Но, мудрата Ана меѓу многуте избра едно „муле“ од Вршац и му накалеми дека тој е татко на нејзиното дете.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Затоа треба да доаѓате постојано и да дарувате онолку колку што можете затоа што секогаш има други деца на кои им треба помош да пораснат, исто како на вас“, им се обрати на возрасните, посебно на оној што беше најдарежлив од сите нејзини деца, ама и нередовен понекој пат.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Ја беше навалила главата на завесите, а во ноздрите го чувствуваше мирисот од правлив крепон. Беше уморна.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Нејзините деца... нејзините деца... нејзините деца се таму... ене ги... крај масата.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
„Колку мора да им изгледало забавно барањето на една мајка, законски да се превоспита нејзиното дете“, разочарано си помислив и решив да одговорам и да ѝ ставам крај на гладната тишина.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Ја прифативме молитвата и ние, нејзините деца.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
ВТОРАТА ЖЕНА: Затоа што сите ние, нејзините деца, бевме психички тормозени од нејзините секојдневни закани за животот, мажите и сексот.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Сега гледам, кога имам две ќерки и еден син а постарата ќерка има завршено историја на уметност, двете нејзини деца, и машкото и девојчето се на ликовна академија, дека се метнале на мене (за ова подоцна).
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Ова, мислам, беше осмото по ред, се молеше на мајка за да го посини нејзиното дете, Стеве.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Секој си е одговорен за својот живот.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Кога Лена во еден момент го споменала индијанскиот поглавар Текумсех и она кога тој вели: „Ние не сме господари на земјата, туку нејзини деца.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Можеби сепак судбината не го осудила нејзиното дете да живее без татко и во сиромаштија.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Кај тие безочни луѓе, што расправаа за нејзината судбина и за судбината на нејзиното дете како за предмети, кои по секоја цена треба да се исфрлат од нивната куќа.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Како да можеше некој невидлив постојано да набљудува во какви услови живее нејзиното дете.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Требаше да го искине... Ѝ се стори дека од сите страни настрвнати ѕверови ѝ се приближуваат... нејзе и на нејзиното дете.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Зарем сакаше нејзиното дете да не ја почувствува таа закрила, таа сигурност, што во пресудните моменти во животот ја дава само таткото?
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Веројатно потсвесно, најмногу сакаше да се сеќава на деновите кога се запозна со својот сакан човек. Потоа и сопруг. Татко на нејзиното дете. ...
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Нејзините деца длабоко спијат зад неа.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Вангел вели На горната плоча имало место, Геле Колишев Богородица и нејзините деца горе се, ама ја тргнаа скалата, ја измолкнаа кај себе токму кога сакавме да призниме и ние.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Ја зеде крошната од нејзините деца, иако Илко беше спрамил нова, тури слама и го кладе покрај оган крај мајка му.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Саканејќе, се нафатила, ќе го бабуа ова кучило, кое утре ќе ги дели нејзините деца.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Усети таа дека во младите детски души се зародила несвесна љубов, кога виде дека веќе место непријателство се разви вистинско братство меѓу нејзините деца и ова нивно другарче. Не еднаш таа ги виде заедно како си прикажуваат трите.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Затоа таа пак не сакаше нејзините деца да и останат слепи.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Се истрча надвор, зеде една рогузина од чардакот и едно најискинато покровче, ги внесе дома, ја посла рогузината на женскиот кат, го зеде коритцето што ги капеше нејзините деца, го кладе зглавје надолу со главата (така лежат леунките по Мариово) и истрча долни крај кај јаслите да види што направи Доста.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Пред очите ѝ никна она малото Крле попово, на кое му даваше тиква, кора и јајца заедно со нејзините деца и ѝ излегоа пред паметта сите стари планови.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
— Та дотера дури до таму како и она ќе лула нејзини деца и ќе им пее приспивни песнички.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Кога не можеше да го разврзе јазолот на Татковите згустени мисли, во миговите пред заминувањето, во текот на самото патување, тогаш таа си се враќаше кон својата постојана грижа, а за неа тоа бевме ние, нејзините деца, четирите синови и малата ќерка.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Минуваа години и Мајка се привикнуваше на своето самување, или само така нам ни се чинеше, или така сакавме да биде, сите ние, нејзините деца.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Тука бевме сите нејзини деца. Плачевме, од среќа.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Таа криеше големи тајни кои, за нас, нејзините деца, останаа засекогаш закопани во нејзината пословична тишина која небаре остана и нејзиниот дефинитивен јазик. Мојот Мајкин јазик на тишината.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Така продолживме да веруваме сите ние, нејзините деца. Кришум, и Татко.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Книгите станаа најголемите пријатели на Мајкината самота, кога нас, сите нејзини деца, животот нè разнесе на четирите страни од светот.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Разговарав со Џозефина. Ми зборуваше дека и нејзините деца, тоа е во Бостон, дека и таму лудуваат по таа нова игра. Се раширила низ сета Земја!“
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
А нејзините деца ги прибра мајка Евгенија.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
- Ристе, - велеше мајка Евгенија - во горното мало? - Пандовци, Петревци, Наковци...
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Неговите гонители, мајката гуска и четирите нејзини деца јаничари, триумфално се враќаат, како докажани господари на овој простор, кон средината на барата.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Мајката очајуваше, самата се шлапкаше по стомакот и се чудеше зошто нејзиното дете не сака да се разбуди.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Потоа повторно пушти вода од казанчето.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Зеде една салфетка и почна да ги брише, а потоа истото го направи со приборот на нејзините деца.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Затоа, постојано, во себе, колку што ѝ се израдува на Ица која беше исто така сиромашка но убава, исто толку му се израдува на нејзиното дете, малиот Едо прифаќајќи го како свое.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)