Но, бидејќи претходно таа веќе беше паднала во немилост на нејзиниот директор – и покрај тоа што на дел од останатите работнички кои беа напуштени по истиот правен основ, им беа исплатени испратнините кои законски им следуваат – тоа, од неразбирливи причини, не беше сторено и во случајот на Триманова!?7 По ова, таа прави обид настанатиот спор спогодбено да се разреши – на трипати, во придружба и на нејзиниот сопруг, се обраќа до сопственикот којшто истовремено е и менаџер на акционерското друштво.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Што се однесува до жена му, таа не би можела да има влијание и никаков контакт со управата на средноекономско училиште, освен ако нејзиниот директор немал некоја деловна врска или дамнешно другарство со директорот на школото.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Германија, заедно со „тој лигуш“, нејзиниот директор, сакаше да го направат будала, да му подметнат копиле.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Во меѓувреме, покрај тоа што на фирмата почна слабо да ѝ оди пласманот на својот асортиман и да назадува зад конкуренцијата на пазарот, настануваат и одредени внатрешни превирања и поделби на вработените на неколку табора.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Но, добив и изрази на силна поддршка – кои сакам да ги истакнам тука, и тоа со длабока благодарност – од Фондацијата триаголник, која е организација за човекови права и за застапување на ЛГБТ што дејствува на ниво на целата држава Мичиген и од нејзиниот директор, Џефри Монтгомери; од студенти, од колеги и од вработени во управата; од многумина дотогаш непознати добронамерници, и геј и стрејт, од Универзитетот на Мичиген, од градот Ен Арбор, од државата Мичиген и од целиот свет.
Во меѓувреме, контактните емисии на радио, националниот и меѓународниот печат ги заплисна порој од џагор.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Иако во рамки на претпријатието МК „Стоби“, барем на хартија, имаше основано и регистрирано синдикат, неговото неактивно раководство замижуваше пред ваквите неправди и беше сосем безгласен во заштита на правата на тамошните работници.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)