За првпат ѝ се виде и остарен. „Татко, се вратив“, му вели спокојно Нина. Моше се подзавртува за да го констатира нејзиното доаѓање, се поднасмевнува, и со весникот в раце, не ѝ одговара директно: „Читам во весников и не ми се верува.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
По нејзиното доаѓање дел од основните методи на дотогашната работа, што се потпираа на долгогодишното искуство, или го изгубија своето значење, или бараа неодложно прилагодување на непредвидливите ситуации, но многу позбунувачки беше тоа што се случи со началникот Круме Волнаровски: јас станував сѐ повеќе несигурен и неспокоен, затворен и оттуѓен, лош кон другите и кон себе.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)