нејзин (прид.) - маж (имн.)

Тики: Сосема.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Поминаа три месеци откако нејзиниот маж воопшто не мисли да го пречекори прагот на својата куќа и да излезе надвор.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Кога свати дека од неа се одвојува и нејзиниот маж, се почувствува поосамена и понесреќна.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Таа беше едуцирана на инакво однесување, на друг јазик, на потивок говор, на друг начин на облекување, на други вредности, нејзиниот маж на симболично навестено, ненагласено носење брада, на класична музика, на Европа, на германски повлијаената кујна, на фин бекерај, не на груби лебови, симити и јадења што се носат на глава во зачадените турски фурни, на инакви вкусови, со други културни печати, на Западот, во кој Истокот се вплетуваше како идеја за далечното потекло, длабокиот корен, идентитетот положен во далечините од минатото.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
„Треба да си одиме Цви”, го преколнуваше, „токму сега кога сѐ изгледа средено.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
А тогаш му предложија и нови функции, во други земји.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Според желбата на нејзиниот маж, а против желбата – таа добро знаеше – веќе на целата заедница.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Поарно е да жалат по тебе одошто да те презираат и да те мразат”.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Виде што му се случи нему”.  „Видов”, си помисли и не му одговори зашто знаеше дека претседателот на Советот Саломон Бити беше сменет по кратка постапка, по налогот спроведен од премиерот Метаксас, моќниот диктатор и заштитникот на нејзиниот маж.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Тука, во Солун, тој беше начин на живеење.  Во текот на овие посебно тешки месеци без Цви, таа уште повеќе се чувствуваше странец во овој град на кој маж ѝ му беше духовниот предводник, а нејзе најважната врска.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Крај.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Филмската ситуација: жената верува дека нејзиниот маж е убиец, не е така посебна како ситуацијата во книгата: жената открива дека нејзиниот маж е убиец; а ми се чини дека филмот има поголема психолошка вредност од книгата, бидејќи карактерите се подобро изнијансирани. •Хичкок: „Се согласувам, но вистинскиот крај на Сомнеж никогаш не е снимен: Џоан Фонтејн ⥊ пишува писмо на мајка ⥊, во кое ⥊ кажува дека го сака својот маж, но дека чувствува оти тој е убиец.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Ја знае една моја пријателка, нејзин маж, он не збори нејзе седум месеци. Седум месец, Рози.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Се разбира дека е погрешно да се гледа „Етант доне...“ како нешто малку повеќе од обичен визуелен документ за врската меѓу Дишан и Марија Мартинс.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Во неврзаниот разговор таа му раскажала на репортерот како умрел нејзиниот маж, што никогаш дотогаш не го направила.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Следејќи го својот маж на повеќе дипломатски мисии, таа по неколку години живее во Копенхаген и Токио, сѐ до преселувањето во Брисел 1936 година, кога нејзиниот маж е наименуван за амбасадор во Белгија.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Само неколку дена пред отворањето на изложбата во Палацо Граси, г-ѓа Дишан даде едно ексклузивно интервју за еден италијански новинар.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Тука се запознала и се омажила за бразилскиот дипломат Мартинс Перера Соса.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Скоро секоја вечер пред легнување, објаснува таа, таа и нејзиниот маж имале обичај да си читаат на глас еден на друг смешни приказни.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Но според мадам Дишан, она што навистина се случило било многу повпечатливо.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
До своето преселување во Вашингтон во 1939 год (нејзиниот маж работи како амбасадор во САД до 1948 година), таа е веќе релативно афирмирана вајарка.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Не само што таблото зависи од теми кои Дишан ги начнал во претходните свои дела, туку и во финалната верзија тој свесно ги отстранил сите преостанати лични референци во „Етант доне...“ и неколку години по конечното прекинување на нивната врска (нејзиниот маж го преселил целото семејство во Бразил) Дишан изгледа дека го сменил идентитетот на женската фигура, менувајќи ѝ ја бојата на косата така што повеќе да одговара на бојата на косата на неговата идна жена Алексина Матис (позната како Тини), со која се оженил во 1954.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Тука му асистира на белгискиот скулптор Оскар Џасперс и кај него ја изучува вештината на дрворезот.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
- Кога би му кажала така, знаеше дека нејзиниот маж нема да ја остави да го стори тоа, да ја оствари таа своја намера.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Му зборуваше за татко му, за првпат во сите тие години, таму, во дневната соба на нејзиниот маж.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Во таа пријатна осаменост, тој под маска на нежност или на шеговити манири, може да дознае многу нешта, кои не им се достапни ниту на најспособните шпиони.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Така например, ако споменатата особа е жена на научник, може да се дознае каква претстава има нејзиниот маж за градбата на светот, за водечкото раководство и т. н.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Таа и нејзиниот маж се мои добри пријатели.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
По погледот кој беше упатен кон нејзиниот маж, можеше да се заклучи дека таа е белграѓанка, а тој дојден од некој селски забит.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Нејзиниот маж беше посебно освежување за нас во собата зашто професорката Душанка му пишуваше цели фермани за тоа што ѝ е потребно: од постелнина со сини облачиња, „младалаче пижамице“, козметика, храна и рецепт за ајвар што треба да го направи сам дома, со двете деца.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
За ѓубрињата да го ослободат малиот мораше да плати тешки пари, а се зборуваше дека со нејзиниот маж дури сакаат да заминат од Белград и да ја напуштат земјата засекогаш.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Иако Duchamp драмата не ја видел бидејќи таа за прв пат е прикажана на Монмартр во јуни 1917, за време на неговиот престој во Њујорк, интересно е да се забележи дека некои ситуации од таа драма наоѓаат паралели во Duchamp-овите дела од тие години.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Во првата сцена од првиот чин - драмата ја обработува приказната за замената на сексуалниот идентитет на еден млад пар (Therese-Tiresias и нејзиниот маж) - Therese ги губи своите женски атрибути и ѝ растат брада и мустаќи - како кај Duchamp-овиот L. H. O. O. Q. (1919).
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Помисли колку што тој вешто ја освои, можеби и таа вешто му се подаде за да најде параван, за тој да ѝ биде причинител и виновникот за смртта на нејзиниот маж од кого таа од порано наумила да се ослободи.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Ја ниша, но зад себе го слуша гласот на нејзиниот маж Вајс: „Ја отрув, за да не ме отруе таа мене...“
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Камилски конечно сакаше да го заокружи конечниот список на зборовите за коишто беше задолжен пред утрешната средба со Татко.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Дамна заспаната госпоѓа Камилска не можеше дури во сон да претпоставува дека нејзиниот маж претура по старите садови, по нивните турски имиња.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Седнав на фотелјата. Албанката седна пред машината за шиење од каде, па ралелно со бучното стискање на електричната педала, ми објаснуваше дека нејзиниот маж е излезен и дека секој миг треба да дојде.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Андон замолчи за миг, премислувајќи нешто, потоа причека да замине келнерот кој во меѓувреме им го донесе виното, и во шепот, како за себе, продолжи: „Да, јас тоа го знаев, но ме изненади неговата смелост тој, нејзиниот маж, нашиот Стево, да ми го каже тоа.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Нејзиниот маж не ги слушаше советите на мајка ѝ која изроди толку ќерки, тој забрзано ја водеше и неа кон нешто што влече посилно од смрт, од погибел: небаре ја жртвуваше и неа покрај себе.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Од каде можеше судијата да знае во какви услови беше доведена во семејството на тој нејзин маж?
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Стутулена така под веленцето шара со очињата низ разбистрениот мрак, се чуди што Добра, добрата пријателка на нејзината ќерка, Ама не како Пелагија! се сепнува, сѐ уште фрчи под кувертата заедно со нејзиниот маж.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Токму тука, на ова место, додека е зафатена со себе и со внучињата а и со Костадина кому му е наменет полниот чипчак со чај, до Добра се прибира нејзиниот маж, ги крева неколкуте бовчи а нејзе ѝ дава ишарет да го проследува по дирата.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
„Претпоставувам дека одвреме на време и ги пронаоѓаат тие клучеви”, допушти нејзиниот маж - и малку се потпре на нејзината рака кога грчот на неговата сега постојана болка во утробата се закани да го свитка.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
„Да?“ Мама погледа спроти масата што ја постави како некаква прекрасна сребрена стапица, чудесна јама со сосот од печено месо во која најпосле, како побеснет ѕвер од некои дамнешни времиња, фатен во јама со катран, можеби ќе попадне нејзиниот маж и ќе биде задржан во неа за да гледа низ решетките од јадеци, засекогаш на сигурно.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Остави ги работите сами да си бараат корито, сами да си се редат, навистина така си реков и кренав раце, иако, ова нешто за прв пат го признавам, на жената не ѝ е лесно кога нејзиниот маж ќе се заплетка на такво место и со такви луѓе.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Нејзината балканска одисеја заедно со нејзиното пијано ќе заврши во Берат, чиј градоначалник тогаш беше нејзиниот маж, Илјаз Вриони.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Пред да го запознае него, нејзиниот маж таа и немаше некои богзнае какви љубовни врски.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Ми објаснуваше дека тој нејзин маж нема да се врати, па таа останала сама со децата и не сака ни да го види веќе, а камоли да живее повторно со него.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Мајката Роса со две сонца во човечињата на очите, зацрвенета и сериозна, нејзините сестри близначки Сава и Танаска со по една момичка исти како и помалечките на Роса, трите нејзини ученички, Милка со две машки и нејзиниот маж и се разбира, Деспина, бликната од радост ама и од едно чувство на страв што ја мати радоста.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)