Раскажувањата беа помешани со нејзините маки, оние секојдневни маки, оние маки што ја следат староста, тогаш имаше стоидваесет години.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Пелагија не беше преокупирана со нереален сон дека некогаш и таа може да има таков стан, знаеше дека во нив ќе дојдат бегалци кои навреме се откажале дека се од онаа Македонија што е зад Кајмакчалан па таа заедно со нејзината Пеличка и Мурџо ќе мораат да го напуштат подрумчето оти и тоа припаѓа на некој од овие станови што се завршуваат и со нејзината мака.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)