Тој им кажа сѐ што знаеше за неа, за нејзините навики, нејзиниот карактер, нејзиниот минат живот; тој призна до најбезначајни детали сѐ што се случуваше за време на нивните состаноци, сѐ што ѝ рече тој нејзе и таа нему, за нивните оброци од црниот пазар, за нивното прељубништво, за нивните нејасни заговори против Партијата - сѐ.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Во такви моменти не сакаше никој да му влегува во ателјето, па и жена му, а и кога ќ е влезеше тој само мигум и само со крајчето на окото ќе фрлеше поглед натаму, без најмал напор ниту пак желба да го препознае онега што влегол; а не пак да му прозбори или да му отпоздрави. Но овојпат, спротивно на нејзиниот навик, упадна жена му среде разгорениот оган на неговата творечка работа, И без да му остави и миг за да се сврти кон неа, прозборе со глас што одвај ѝ излезе од грлото: „На Нако му се слошило!”.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)