Но сега веќе беше доцна за помирување и љубов; јас бев преплашен од Луција и од нејзиното тело, таа беше повредена, јас гневен за нејзиното неверство, таа гневна на мојата одглумена сексуална рамнодушност, и конечно јас бев до срж унижен со тоа што песнарката се најде во рацете на Партијата.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Како што се оддалечуваше од куќата, гневот и омрзата сѐ повеќе му растеа во него, зашто токму кога имаше намера да се зближи што повеќе со неа, дури да ја земе за жена, го откри нејзиното неверство; виде дека неговото отсуство во текот на неделата таа го делела со друг.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)