Низ нејзините образи се тркалаа солзи: претчувство на неговиот крај.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Се враќам на започнатото. Додека мајка ти раскажуваше, јас непрекинато долго и молчешкум ја гпедав и го запамтив секое треперење на нејзините образи и збрчканото чело.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
- Ова што ти е? - праша политичкиот, покажувајќи со прстот на нејзиниот образ.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Долго и молчешкум ја гледав мајка ти и го запамтив секое треперење на нејзините образи и збрчканото лице на кое и покрај длабоката старост, меѓу брчките сѐ уште се сочувани остатоци од дамна одмината убавина.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Во тој момент Рада не ни забележа дека се наоѓа пред дрвената порта на својата куќа, а веќе еден топол бакнеж беше се залепил на нејзиниот образ.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Азра ѝ ја стави раката на челото, ѝ ја поднамести косата, и помина со прстите по патецот, а потоа нежно ја спушти дланката по нејзиниот образ.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Неговата рака сосема совршено се припи на кривината на нејзиниот образ, топла, сува и мека, заштитничка, речиси како родителска.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Еден ден, да ја утешам во болката, мојата дланка се најде на нејзиниот образ, а нејзината солза на моето рамо.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Таму најде три спомени: во времето кога за неа многу нешта на светот сѐ уште немаа име, едно момче ѝ подаде остар предмет и рече: „Нож“; во времето кога сѐ уште веруваше во бајките, еден глас ѝ шепотеше за птицата која со клунот си ги раскинува градите и од нив си го откорнува срцето; во времето кога допирите ѝ кажуваа повеќе од зборовите, една рака се приближи до нејзиното лице и со јаболко го погали нејзиниот образ.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)