Таа нејзината особина сакаше да ја ублажи со вкрстување со обичните пчели и да добие нов вид на пчела што ќе дава повеќе мед, а помалку ќе каса.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Обликот на нејзиното лице потсетува на округлест, безаголен квадрат во кој беа заокружени, на едно место собрани сите нејзини особини, слични на сончевата лач: топлината, светлината и силната енергичност.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Можеби поради тоа што така несреќно заврши нејзиниот живот памтевме се, и најмала ситница од нејзините особини, дури и сосема неважни работи.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Не поминуваше ни една недела а таа самата да не ни спомне што било за мајка ни, да не нѐ потсетува на нејзините особини за кои ѝ раскажувал татко ми.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Вербата по природа е верна; тоа е нејзината особина, таа е брза, работлива – објаснува старецот. – Веднаш по стекнувањето на својата слобода, таа се погрижи да најде место за своите малечки, размножувајќи – заврши старецот, поткашлувајќи.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)