нејзин (прид.) - отсуство (имн.)

Кога повторно ќе тргнат угоре, само Мартин го забележува - јасно, во себе - нејзиното отсуство.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Отстранете ја кралицата од нејзината местоположба и веднаш, хормонската нерамнотежа, предизвикана од нејзиното отсуство, ќе резултира со промена во хранењето на ларвите што се развиваат во кралици. (1987, стр. 186).
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Тој дури по тие излегувања на жена си наоѓаше извесно олеснување: нејзините отсуства беа уште една пауза во напнатоста на нивните односи, напнатост којашто сè повеќе и повеќе му беше исцрпувачки заморна.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
„Како секогаш свежа изгореница”, би можело да се каже, ја чувствуваше Пандалф Вулкански - можеби би згрешиле ако кажеме: госпожа Сенка; подобро: нејзиното отсуство, како едно меурче на кожата, во кое, како во кугла, се наоѓаат секакви: Левенхуковите човечиња, Зевсовиот дожд, а богами и: вирусите, тројанските коњи, логичните бомби и црвите.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Инстиктот на будење со труба и нејзиното отсуство му овозможи речиси да преспие половина од денот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Тој сакаше барем некој од луѓето да забележи дека е гол, да се појави некое глупо момче, но глупи момчиња веќе одамна немаше, сите беа паметни и готови во краен случај да говорат за квалитетот на кралската облека, но никако за нејзиното отсуство.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Што ако веќе некоја го има „купено“ за време на нејзиното отсуство.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Тој веќе беше стар, вкочанет, грозничав, тој имаше настинка, грип и воспаление на бели дробови во исто време.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)