нејзин (прид.) - повик (имн.)

Почувствува како телото му трепери од нејзиниот повик и од шокот на ненадејното будење и следниот миг знаеше дека таа не беше ни на креветот, ни во собата, или каде било во куќата.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
А на своето дете ќе му бидам и татко и кум.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Сестри... Но и без нејзиниот повик жените биле улиште што ќе истури брчење и лутина на отров врз неговата глава на која еднаш, како што можело да се поверува, веќе налетале куп оси.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
На крајот на краиштата, токму дозволата од мајка му не само што успевала да го одложи, иако само привремено, забранувачкото женско обродување на театарската сцена туку и му дозволувала на момчето да претендира на оној вид општествен идентитет и субјективна целовитост што можел да го достигне само со имагинативна изведба.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
На крајот, заклучува Милер, Циганка (особено катаклизмичната завршна нумера, Обратот на Роуз) не допушта никаква можност ниту за „помирување“, ниту за „избор... меѓу обожаваната мајка која ни чува место и омразеното чудовиште што нѐ лишува од него). (120) ‌Искушение е да се изнесе сродно тврдење за геј-привлечноста на кулминацискиот судир меѓу мајката и ќерката во Милдред Пирс.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во најмала рака, искушение е да се шпекулира дека камп-вредноста на таа мелодраматична епизода можеби лежи во нејзиниот повик до геј-мажите безопасно да се вратат на сцената на една слична траума (било вистинска било замислена): траумата на протерувањето од мајчиното присуство и од жариштето на нејзините благост, дозвола и општествена потврда.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Иако со Лила се немаше чуено веќе цела недела, тие денови не успевајќи да ја најде дома, ниту пак да прими нејзин повик, Константин З. сепак имаше причина да биде исклучително задоволен.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Упорно ѝ пишував. Нејзините повици на индиферентност во преписката, уште посилно ме поттикнуваа да ѝ пишувам.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Никој не одговори на нејзините повици за помош.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Тоа беше раководителот на санаториумот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Небаре и овој пат Бог ѝ беше помогнал, на нејзиниот повик, дека чедата ѝ биле во опас­ност.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)