Речиси во сите фази на напредувањето на Али Фетхи, подоцна наречен Окјар (стреловита мисла), од страна на Мустафа Кемал Ататурк, во знак на неговите реформи, баба се надеваше дека еден од синовите ќе биде прифатен од нејзиниот полубрат на висока позиција, па потоа и сето семејство.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Баба дамна ги беше загубила сите илузии оти постариот син ќе се врати во Цариград, па ќе ја подземе и неа со сите илузии веќе во залез, или синот само ќе се врати во Лондон, каде што некогаш службуваше како амбасадор на нова Турција во Велика Британија нејзиниот полубрат Али Фетхи Окјар.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Мајка еднаш му призна на Татко дека во сништата постојано го повикува нејзиниот полубрат кого го сакаше повеќе од цел брат.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Амбасадорот Амбасадорот во бабината свест добиваше митска моќ, многу повеќе од таа основната, како висок чиновник на една во друга држава, само затоа што веруваше дека нејзиниот полубрат амбасадорот Али Фетхи Окјар ќе ги спаси нејзините синови, ќерки, семејството. Иднината на нејзиното семејство.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)