Јантра го завиткала Трново, го стегнала и не му дава да излезе од нејзините прегратки.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Во тој момент куклата се истргна од нејзината преградка и рипна на отворениот прозор.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Кога Рада ги отвори очите, во нејзината прегратка беше и Виктор наспроти неподвижното тело на Томо, на кој не му беше симната насмевката од лицето.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Слично на богомолките што го јадат својот мажјак при парењето, мажите ѝ завршувале во нејзините прегратки.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Една ноќ, кога Маја цврсто спиеше, црнокосата кукла се искраде од нејзината прегратка.
„Раскази за деца“
од Драгица Најческа
(1979)
- Кажи, не би ли бил среќен во нејзините прегратки?
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Лекарот се ослободи од нејзината прегратка...
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Затоа се ослободи од нејзината прегратка.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Дики: Што значи?
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Грета (Го бакнува): Значи, ако за нешто повеќе од 24 саата на тој гад не му ја грабнеме ламбата ќе бидеме магариња. 138 okno.mk Дики (Тргајќи се од нејзината прегратка): Не зезај!
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Слатката детска насмевка, ги потиснува сите темни дамки, сите мигови што носат чувство на немир, во крошната ја оставам нејзината прегратка, за мирно да спие, со слатки сништа, чедо мое...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Блажена беше ноќта во нејзините прегратки... посјајна од сонцето потивка од месечината потрепкава од ѕвездено небо Јас и Таа романтичен отсјај во машкоста нежност во нејзината женственост Ме погледна,со задимен поглед што подсеќа на љубовна романса без зборови,само со очи нејзиниот поглед кажува сѐ.
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Ја стегаше преслабата жена, чувствувајќи ја цела, потполна во нејзината прегратка, со радост која се возвишуваше како химна, како гулабите кога ги пуштаат, како распеаната река.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Отворајќи ги очите (можеби веќе врескаше) виде дека се раздвоиле. Сега навистина вресна.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)