Другата личност беше еден човек по име О'Брајан, член на Внатрешната партија, кој заземаше некаква функција, толку значајна и далечна, што Винстон имаше само нејасна претстава за нејзината природа.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Во раскажувањето и однесувањето кон гостите госпоѓа Мариела беше внимателна: се држеше понастрана од можноста да остави впечаток на отменост која, во суштина, и не беше својствена на нејзината природа.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Исто како да ѝ речеш на пеперутката да не лета, а знаеш дека тоа е во нејзината природа.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Можеби зашто нејзината природа, онаква каква што беше, ја паметам уште кога бевме деца, ненасилна, со онаа склоност кон мисловност и мечтаење, се противеше на нивната трезвеност, на која тие беа горди.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Тоа беше вткаено во нејзината природа.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)