нејзин (прид.) - пријател (имн.)

Едната, на која ѝ пцовисало кучето, постојано плачела, па еден ден нејзината пријателка ѝ рекла: - Што плачеш толку!
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Во една таква мала цепнатинка во која како да беше сместено и нејзиното двоумење јас ја открив дозволата да постапувам толку слободно што да можам дури и да се предомислувам.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ваквото право го открив токму во тоа нејзино упатство: дека би можел да побарам совети од нејзиниот пријател за решенијата околу кои се двоумам?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Нејзиниот пријател, борбениот архитект, ѝ вели: - Треба да пишуваш долги писма! И тоа не само на еден!
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Тогаш Рајнер за првпат ми проговори: “А мене моите родители ме сакаат,” рече, а имаше толку болка во неговиот глас.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Јас понекогаш му кажував брзозборки, гатанки и бајки, а еднаш почнав да му зборувам за мојата мајка, за нејзините зборови на презир и потсмев за тоа како јадам, како се смеам, како чекорам; за тоа дека кога ни доаѓаа на гости нејзините пријателки со ќеркичките, таа пред нив ми велеше дека не умеам како нив да разговарам, да се смеам, да чекорам; му кажував со кои зборови го навредуваше секое мое воодушевување и секоја моја радост: воодушевувањето од вештината на неговиот татко, радоста што секоја недела претпладне го среќавав него, Рајнер, иако тој молчи.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Но нејзе ѝ беше сосема сеедно што мисли тој за неа или што им кажува на нејзините пријателки.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Нов материјал за озборување со нејзините пријатели.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Непознатиот пријател на нејзината пријателка ја слушаше внимателно, трудејќи се низ симболиката на патиштата, пилињата, тројките и тежините да си го види животот со поинакви очи, барајќи во филџанот одговори на прашањата за кои таа немаше апсолутно никакви предзнаења.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Нејзиниот пријател Британец се изнасмеа заедно со неа. „Да наздравиме за тоа!“
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
На многумина расказите им се допаднаа: нејзините пријателки рекоа дека ги трогнале, дури и расплакале, а еден познат локален издавач беше подготвен веднаш да ги објави, предвидувајќи ѝ блескава прозна кариера.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Морам да ти кажам дур самата не си сфатила", ѝ рече таа на нејзината пријателка, пред која се обидуваше да нема тајни.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Дури по неколку месеци искра надеж ѝ влеа телефонскиот повик на нејзиниот пријател.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Благодарение на една нејзина пријателка успеа сосема легално да дојде до избирачкиот список и новата адреса на Саво и Снежана.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Така беше со нејзините пријатели Саво и Снежана од Нови Сад.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Ивона беше нервозна зашто нејзиниот пријател не беше тука за да ја испрати.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Секогаш кога ќе шетаа, ја држеше Марија под рака, стискајќи ја цврсто кон себе, како да се плаши некој да не му ја грабне, давајќи им до знание на сите што ја гледаа дека тој не е некој нејзин пријател или роднина, ами маж.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Ема Ендековска имаше висока почит кон госпоѓа Мариела и тоа таа го искажуваше на начин кој беше во согласност со културата на нејзината пријателка.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Со целото свое однесување кон луѓето, кон нејзините пријатели, кон нејзините роднини, Хелвиг придонесуваше да не се мисли на тоа, срамно за човештвото, време.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Марија му објасни на Карл дека тие се нејзини пријатели и дека се дојдени со кола.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Марија како да не го слушаше тоа што ѝ го зборуваше нејзината пријателка.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Чана сфаќа дека нејзината пријателка заминува негде за што не сака ни да се знае.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Сѐ завршуваше совреме што од страв дека ќе се оствари идејата за големата и едина љубов што по сила на обврските и жените вешти во обезличувањето на иднината или со благословот на неповторливото - како што би рекол еден од нејзините пријатели односно, оние кои се повеќе од тоа.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Тука, длабоко во каменот, се смири. Немирот на нејзиниот пријател ја вознемируваше.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Но неколку години подоцна, кога се разведуваа, таа му рече дека кога биле кај златарот да купат венчални прстени, таа се издвоила за момент додека тој ја проценувал вредноста на двата прстени и незабележливо, земала еден рачен часовник. Оваа девојка беше голема убавица. okno.mk | Margina #11-12 [1994] 185
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Жените ја џвакаат сировата печурка и изџваканата маса ја мешаат со сок од капини.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Кога нејзиниот пријател, кој беше учител на едно големо јапонско семејство, одржуваше предавање во Санта Марија во Калифорнија, таа беше во позадината на публиката, стоејќи на столот, со високи потпетици, крзнена бунда и црвен трендафил во косата.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Беше исчезната. Накрај, очаен ја повикав нејзината роднина во Лачмонт.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ја сретнав еднаш - таа беше едноставна, опуштена девојка со нездрав изглед кај која работата со гените тргнала наопаку за разлика од расцутената Бреда - едвај смислив што да ѝ кажам.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ја викав постојано, ги испрашував нејзините пријатели, ја ловев по лифтови, ходници и чекални околу канцеларијата.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)