И дење и ноќе се молев Богородице Мајчице да ме крепи - Господ да ме поживее колку тебе да те пречекам - како што сум ѝ ветила на Ѕвезда моја... да не ја одминеш нејзината светлина... се молев... се молев... и еве - сум те дочекала... и те доведов до местото кајшто те чека... да се здружите - дорече задишана мајка Трајаница.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)