По брезата на нејзината снага по липата на нејзината лика по ружата на пубисот.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
И да ти признаам, не беше лоша и таа ноќ.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Си помислив: таа вдовица, јас пензиониран самец, се враќам во Бањи по толку години; Стојна веројатно ми доаѓа заради сите оние силни љубовни спомени а можеби и заради она мое конкретно ветување од пред војната дека ќе биде добродојдена и убаво измилувана секогаш и секаде се разбира според желбата на нејзината снага.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Милка ја крена главата нагоре, се сретна со благиот насмев на нејзиното лице (нешто сосема друго наспроти нејзината снага и глас)
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
И така, подзавртувајќи се, забележува дека е сама со внучињата притиснати како топли тули во нејзината снага.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Може да се рече дека тоа беа последните денови од есента кога таа ги набројуваше, ги трампече последните лири расфрлани по нејзината снага за белиот кожуф на зимата.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
- Застани - викав колку што ме држеше гласот додека трчев.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Се трудев да ја запретам таа врелина што извираше од нејзината снага иако Катерина не престануваше да се жали дека ѝ студи, дека ја лазат некои студени бубачки.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Превезот на темнината бавно и еднолично се лулееше на нејзината снага и само еднаш или двапати ѝ ги подоткри малите боси стапала по кои како да се беше нафатил румениот прав на залезот.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Во еден момент дури и праша зошто сум ја однел во градската мразарница, зарем не сум можел да изберам поадекватно место?
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)